17.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Тел Авив е најскап град во светот

Главниот град на Израел, Тел Авив е најскапиот град во светот, објави британскиот магазин Економист.

Додека Париз и Сингапур го делат второто место, а потоа следат Цирих, Хонг Конг и Њујорк. Последен е сирискиот главен град Дамаск.

Берлин падна за осум места и е на 50. место и е најевтин од шесте германски градови на листата. Додека Франкфурт е најскап германски град и го зазема 19. место.

Проблемите со снабдувањето и антиковид мерките, ограничувачкото производството и трговијата придонесоа за зголемување на трошоците за живот во многу градови низ светот, се наведува во анализата на Економист.

Поради зголемување на цената на горивата поскапе и транспортот. Пораст има и кај тутунските производи, средствата за лична хигиена и забавните производи и услуги.
Истражувањето е спроведено врз основа на споредба на состојбите во 173 земји и врз основа на цените на повеќе од 200 производи и услуги.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.