Телата на жртвите од авионската несреќа на „Џерманвингс“ ќе им бидат вратени на семејствата

Телата на сите жртви од авионската несреќа што се случи во март во Алпите, до крајот на овој месец ќе им бидат вратени на семејствата.

За ова информираше генералниот директор на „Луфтханза“, Карстен Шпор, пред новинарите на самитот на Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај во Мајами.

-Ние во текот на јуни или што побрзо можеме ќе ги вратиме телата на сите жртви кај семејствата. Првите 30 тела на 9 јуни со авион на „Луфтханза“ ќе бидат префрлени од Марсеј во Диселдорф, рече вчера Шпор, пренесе „Спутник“.

Авионот „Ербас А320“ на нискобуџетната фирма ќерка на „Луфтханза“ – „Германвингс“ на 24 март се урна во француските Алпи. Сите 150 патници и членови на екипажот загинаа.

Врз основа на информациите добиени од црните кутии се заклучи дека копилотот Андреас Лубиц намерно го урнал авионот откако се заклучил во кокпитот и не го пуштил пилотот да влезе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.