Телефонски разговор Ердоган-Путин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со претседателот на Русија Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија.

Двајцата лидери разговараа за соработката во борбата против пандемијата на новиот коронавирус и настаните во регионот.

Претседателите на Турција и Русија се согласија дека треба ја продолжат блиската соработка на полето на билатералните односи и за регионалните прашања, јави Анадолија.