Телефонски разговор Мицкоски – Туск за состојбите во Македонија

Актуелните случувања во земјата во контекст бројните појави на корупција и криминал во високите ешалон на власта беа тема на телефонскиот разговор кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го одржал во средата попладнето со актуилниот челник на Европската народна партија (EPP), Доналд Туск, информираше челникот на македонската опозициска партија која е членка на EPP.

„Остварив телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија, г-дин Доналд Туск, кој воедно беше поранешен претседател на Европскиот совет и премиер на Полска. Разговаравме за актуелните случувања во земјава, го информирав за високиот степен на криминал и инволвираноста на високи претставници на Владата во таквиот криминал кој поминува неказнет, како и широката распространетост на корупцијата и гушењето на слободата во земјата“, вели Мицскоки во објавата на својот официјален фејсбук профил.

Мицкоски притоа наведува дека констатирал дека „не е можен напредок, со корумпирано судство, не се можни фер избори со поткуп, и двојни стандарди. Не е можна нормалност со силеџиска и исплашена влада која турка закони за лични интереси на грбот на народот“.

Истпо така, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ информира дека со Туск договорил натамошна соработка и поддршка во рамките на заедничките процеси во интерес на партијата и на Македонија, при што Моцкоски изразил благодарност за поддршката.

Претходно во средата на својот фејсбук профил Доналд Туск информирапе за разговорот со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во телефонскиот разговор, како што напиша Туск, било заклучено дека власта треба да соработува со опозицијата, да се засили борбата против корупцијата како и тоа дека во Македонија треба да има независни судски одлуки.