Телефонски разговор Путин – Макрон

19

Рускиот претседател Владимир Путин го информираше францускиот претседател Емануел Макрон за спроведувањето на руско-турските договори во врска со ситуацијата во североисточна Сирија, соопшти синоќа прес-службата на рускиот претседател.

Путин и Макрон во телефонскиот разговор ја нагласија важноста на решавачката борба против тероризмот и координацијата на напорите, но и важноста да се истакне значењето на внатрешниот дијалог во Сирија, се вели во соопштението.

Двајцата претседатели разговараа и за постигнатиот договор на неодамнешната средба на Нормандиската четворка во Париз, што е во согласност со договорот од Минск.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.