„Телеком“ ќе исплаќа дивиденда на крајот на април

Телекомуникацискиот оператор „Македонски телеком“ дивидендата за изминатата година ќе ја исплаќа во период од 23-ти до 30-ти април оваа година, стои во предлог Одлуката за исплата на дивиденда, објавена на Македонска берза.

Нето добивката на компанијата остварена минатата година изнесува две милијарди 716 милиони 252 илјади и 939 денари за исплата на бруто дивиденда во која што е вклучен данок на добивка, персонален данок на доход и данок задршка.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за минатата година е 10-ти април 2014, а последен ден на тргување е седми април.