Телескопот Hubble сними „злокобно лице“ во Вселената

Вселенскиот телескоп Hubble направил снимки на судир на две галаскии од епски размери, чие спојување создава злокобно лице.

Судирот на галаксиите се случил на оддалеченоста од 704 милиони светлосни години од Земјата. Овој настан предизвикал формиење прстен од ѕвездени материи. Според научниците, ова е исклучително ретка космичка појава.

На снимката се гледа дека светлите јадра на галаксиите потсетуваат на формата на човечко око, а ѕвездената прашина се формира во обликот на нос и уста.

Галаксиите се со приближно иста големина, што исто така, не се случува често. Според правилата, поголемата ја апсорбира помалата. Научниците очекуваат вселенските објекти снимени од Hubble да се спојат во една голема галаксија во период од една до две милијарди години.

Оваа впечатлива појава била снимена уште во јуни годинавам но мисијата NASA/ESA Hubble Space Telescope ја објавија оваа седмица во чест на Ноќта на вештерките и сите страшни нешта.

Најголемаа светска вселенска опсерваторија Hubble, е именувана според астрономот Едвин Хабл, а во орбитата беше лансирана во 1990 година. Со помош на овој телескоп стана можно да се состави првата мапа на површината на Плутон, да се утврди стапката на експанзијата на Вселената, делумно да се потврди хипотезата за супермасивните црни дупки во центрите на галаксиите, а исто така направени се и многу други откритија.