Телетовиќ потпиша договор со Феникс

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина, Мирза Телетовиќ, НБА кариерата ќе ја продолжи во тимот на Феникс Санс.

Тој претходно настапуваше во Бруклин Нетс, а со „сонцата“ потпишал едногодишен договор вреден 5,5 милиони долари.

Телетовиќ на 1-ви јули стана слободен агент, но не успеа да се договори со челниците на Бруклин да остане во овој тим, по што реши да ја прифати понудата на Феникс.

Крилниот центар три сезони беше играч на Бруклин, во минатото првенство одигра 40 натпревар, со просечен учинок од 8,5 поени и 4,9 скокови по натпревар.