Тељо позајмен на Ливерпул, но само во следните шест месеци

Ако им се верува на англиските медиуми, тогаш малдиот крилен напаѓач на каталонскиот гигант Барселона, Кристијан Тељо на стартот од зимскиот преоден рок ќе биде претставен како најнова аквизиција на премиерлигашот Ливерпул.

Младионскиот репрезентативец на Шпанија најверојатно во следните шест месеци ќе настапува како позајмен фудбалер на “Енфилд”, но раководните лица на Ливерпул ќе ја немаат на располагање опцијата да го откупат неговиот договор на крајот од актуелната сезона.

По завршувањето на новата сезона во Премиер лигата, Тељо повторно ќе се врати на „Ноу Камп”.