Тело на машко лице извадено од Вардар

Во понеделникот попладнето, околу 17,23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во висина на скопското село Огњанци, било забележано тело на машко лице.

Телото било извадено од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.