Tелохранителот на шефот на британската диполоматија го загубил пиштолот

Полицискиот службеник задолжен за непосредното обезбедување на британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб, е суспендиран од работа откако својот наполнет пиштол го заборавил во авионот со кој се враќал од САД, објави во саботата полицијата.

Оружјето, полуавтоматскиот пиштол „глок 19“, го пронашол вработен на аеродромското одржување во навалката на седиштето на американската воздухопловна компанија „United Airlines“, откако во петокот слетал на лондонскиот аеродром Хитроу, пишува таблоидот The Sun.

„Известени сме за инцидент кој се случил на лет за Велика Британија во петокот на 18-ти септември и сериозно му пристапуваме на случајот. Односниот полицаец веднаш е разрешен од должноста додека трае истрагата за околностите на настанот“, изјавил портпаролот на лондонсата полиција.

Министерот Доминик Рааб патуваше седмицава во Вашингтон во обидите да ја намали загриженоста на американските колеги во врска со некои одлуки на британската влада поврзани со напуштањето на Европската унија.

Во февруари годинава, полицискиот службеник задолжен за личното обезбедување бна поранешниот конзервативен премиер Дејвид Камерон го заборави пиштолот и пасошот на политичарот во тоалетот на авионот, поради што настанала паника.

Британските медими потсетуваат дека последната деценија се случија и други посериозни безбедносни инциденти, како на пример заборавањето досие со исклучително доверливи податоци во вагон во лондонското метро, или губење на службен телефон на највисок британски челник „блекбери“ со заштитени дипломатски канали.