Телото на професорка Тројачанец на обдукција

Телото на професорката Снежана Тројачанец по наредба на Јавен обвинител е предадено на обдукција по што ќе бидат познати причините за смртта.

Од МВР информираат дека смртта кај Снежана била констатирана од страна на лекарски екипи од Итна медицинска помош без видливи траги на насилство.

Безживотното тело на Снежана Тројачанец вчера беше пронајдено околу 13 часот на местото каде реката Серава се влева во Вардар, по повеќе од 24 часа од нејзиното исчезнување.