Темата амнестија се враќа како бумеранг, дали Заев ќе прифати да не се занимава со политика

1170

Премиерот и лидер на владејачките социјалдемократи Зоран Заев се очекува да одговори на денешната понуда од челникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, според која сите аболирани или амнестирани лица би требало да се повлечат од политиката, особено што и самиот тој пред повеќе од 11 годинини беше аболиран по обвинувањата и истрагата за финансиски малверзации.

Да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика, бидејќи уште во 2008 година и случајот ‘Глобал’ се покажа дека правдата кај нас се изигрува преку несовесно давање на амнестија. Очекувам ова да биде прифатено и од страна на СДСМ и Заев, наместо со замки и удбашки методи да прифатат принципи и вредности. Македонија не верува во амнестии, Македонија верува во правда и принципи. Мора да создадеме систем кој независно ќе суди, ќе докажува криминал и ќе има одговорност за сите кои докажано се огрешиле кон законите и Уставот, порача мицскоски.

Во моментов премиерот Зоран Заев е единствениот аболиран политичар и требаше да одговара за случаите „Пуч“ и „Поткуп“. Поранешниот шеф на државата Ѓорге Иванов покрај повлекувањето на аболициите за сите 22 политички експонирани лица што ги помилува на 12-ти април 2016 година по протестите и реакциите од јавноста донесе одлука да ги поништи и преостанатите одлуки за помилување .

Уставниот суд по три години по иницијатива на адвокатот Зоран Стојановски одлучи да расправа за тоа дали Претседателот на државата може да повлекува помилување или да го поништи, што би значело враќање во сила на амнестијата на Иванов. СДСМ во петокот поднесе барање до Собраните за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување. Ова следува откако Уставниот суд рече дека треба да ја оценат уставноста на членот 11–а од законот за помилување. Со овој член, поранешниот претседател Ѓорге Иванов ја повлече амнестијата за 56 лица во 2016 година.

Со тогашната одлука на Иванов да го повлече аболицирањето, Заев останува аболиран политичар во земјава, поради помилувањето од Бранко Црвенковски за случајот „Глобал“ во 2008 година, која не е повлечена. Со тоа Заев остана единствен кој е помилуван за криминал тежок 8 милиони евра. Иако самиот тој најави дека ќе бара повлекување на аболицијата за „Глобал“, случајот во кој во 2008 година беше обвинет за злоупотреба на службеното овластување како струмички градоначалник за да ја докаже својата невиност, тоа никогаш не го стори.

Од она што може да се најде како податоци за случајот „Глобал“, Заев заедно со уште петмина заврши во притвор во средината на јули 2008 година. Неколку месеци претходно, за нив МВР поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување. Нема податоци со каква квалификација е делото, но имајќи предвид дека во кривичната пријава, а подоцна и во обвинителството тврдеа дека противправно е стекната имотна полза од над 8 милиони евра, веројатно станува збор за потешка квалификација за која Kривичниот законик предвидува казна од минимум три, односно пет години затвор.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.