Темелковски на состанок за криминалот во животната средина

Денеска, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, амбасадорот на Австрија во Р. Македонија, Н.Е. Томас Михаел Баер и извршниот директор на РЕЦ, Марта Сигети Бониферт, присуствуваа и се обратија на Третиот состанок на извршниот комитет на мрежата Темис – регионална иницијатива за соработка помеѓу инспекторатите за животна средина и дел од институциите од правниот систем на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија кои имаат допир со криминалот во животната средина.

„Повеќе од очигледно е дека е потребна интернационална стратегија за соочување со овој вид на криминал. Република Македонија како дел од глобалната стратегија има капацитети да се фати во костец со овој предизвик-наречен криминал во животната средина,“ истакна Темелковски, додавајќи дека спротивставувањето на овој вид криминал е можно само со воспоставена институцијална мрежа на надлежните, со координација, со истражни и разунавачки методи, со знаење за типовите и подтиповите на овој вид криминал и со размена на информации со меѓународните институции.

Целта на мрежата Темис е да ги зајакне административните капацитети на релевантните регионални институции и да воспостави регионален дијалог и соработка во контекс на апроксимација со законодавството на ЕУ, а уште од нејзиното формирање, Министерството и Државниот инспекторат за животна средина зедоа активно учество во сите активности кои беа организирани. Проектот се спроведува од страна на РЕЦ, а со финансиска поддршка од Австриската развојна агенција.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.