Темелковски нема да загуби поради тоа што дрвото му сметало на билбордот, туку затоа што нема ништо сработено

Темелковски нема да загуби поради тоа што дрвото му сметало на билбордот, туку затоа што нема ништо сработено, уверуваат од ВМРО ДПМНЕ, како реакција за исечените дрвја пред билбордот на Филип Темелковски во Кисела Вода

Ќе изгуби затоа што кога ќе ги помеша ароганцијата и нервозата се добиваат панични реакции како што е таа да се сечат дрвјата за да се види билбордот на Темелковски.

Не знаеме што е пострашно, тоа што поради билборд сечат дрвја или што ја нагрдуваат со 20 метарско платно зградата на ПОЦ. Дрвјата се повредни од платното на Темелковски. И дека треба да се знае онаа народната „дрво на дрво не смета“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.