Темната чоколада е добра за справување со депресијата

Умереното консумирање темна чоколада значително го намалува ризикот од депресија, заклучила група британски научници.

Научниците од лондонскиот Јуниверзити колеџ спровеле истражување со кое биле опфатени повеќе од 13.000 луѓе. Се концентрирале на утврдувањето на соодносите поврзани со консумирањето чоколада и појавите на депресија. За да го сторат тоа, на доброволните испитаници им биле поставувани прашања за количествата и видовите слатки кои ги јадат и нивната емоционална состојба. Научниците ги земале предвид и оние фактори, како што се и нивото на телесната активност и присутноста на лошите навики, особено пушењето.

Резултатите покажале дека љубителите на темната чоколада биле помалку наклонети на депресија, отколку оние кои воопшто не ја консумираат. Испитаниците кои два дена консумирале темна горка чоколада имале 70 отсто помалку знаци од оваа болест. Покрај тоа, кај четвртина од учесниците во истражувањето кои редовно јаделе 104 до 454 грама од оваа слатка, веројатноста за развој на депресијата се намалила за 58 отсто во споредба со оние кои не ја вклучиле чоколадата во својата исхрана. Научниците истакнуваат дека ваквиот ефект ги има само чоколадата со голем удел на какаото.

Постојат низа механими со кои чоколадата може да ја спречи појавата на депресијата или да ги намали нејзините симптоми, напомнуваат истражувачите. Велат дека тајната е во тоа што горката чоколада содржи посебни состојки кои имаат одредено влијание врз психата на човекот.

„Чоколадата содржи бројни психоактивни материи, вклучително и оние слични на аанандамидот, невротрансмитерот кој го блокира чувството на болка, и неколку ендогени биогени амини, кои го вклучуваат генилетиламинот, супстанција која има важна улога во регулирањето на расположението“, заклучуваат научниците.

Покрај тоа, темната чоколада е богата и со антиоксиданси кој ги намалуваат воспалувањата во организмот, а чијашто присутност, според експертите, исто така директно е повраза со појавата на стрес и анксиозност.

Претходно полските научници открија дека црната (темната) чоколада, којашто е богат извор на магнезиум, цинк и други важни елементи во траги, во комбинација со црното вино, се извор на полезниот анктиоксиданс ресвератрол, и имаат благотворно влијаени врз човековото здравје.

Употребувањето на производи со противвоспалителни својства, како што истакнуваат експертите, ја намалува веројатноста од прерана смрт за 18 отсто, а нивното вклучување во секојдневната исхрана го намалува ризокот од смрт од кардиоваскуларни заболувања за 20 отсто, а од рак за 13 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.