Темпирана бомба во светската економија, глобалниот долг на рекордно ниво

Зошто ситуацијата се оценува како „блиску до критична“, чие „чергиче веќе гори“ и дали ќе може да се избегне „сеопштиот крах“ на економијата, се прашањата кои ги поставуваат деновиве економските стручњаци во светот.

Обемот на глобалниот долг достигна 246 трилиони американски долари, што претставува апсолутен рекорд кој за повеќе од трипати е поголем од светскиот бруто домашен производ (БДП), односно вредноста на сите производи и услуги на планетава, поради што економистите предупредуваат дека оваа повеќетрилионска бомба, темпирана во светската економија, ќе експлодира многу подраматично отколку во 2008 година.

Зошто ситуацијата се оценува како „блиску до критична“, чие „чергиче веќе гори“ и дали ќе може да се избегне „сеопштиот крах“ на економијата, се прашањата кои ги поставуваат деновиве економските стручњаци во светот.

 

Како се создадоа долговите?

Според извештајот што неодамна го објави Институтот за меѓународни финансии (IIF), во првото тримесечје од годинава, во однос на истиот период минатата 2018 година, глобалниот долг се зголемил за три трилиони долари и поставил нов рекорд од 246 трилиони долари. Тоа е речиси 320 отсто од глобалниот БДП.

Во развиените земји, обемот на обврските кон доверителите се зголемил за 1,6 трилиони, на 177 трилиони долари. Вообичаено, најголемиот удел во него го имаат САД, каде што долгот достигна 69 трилиони долари. Од нив 22 трилиони се државни заеми, коишто продолжуваат да се акумулираат благодарение на нескротливите амбиции на сојузната администрација.

Во јули годинава американскиот Центар за двопартиски политики (BPC) потсети дека САД ќе се соочат со блокада и банкрот веќе во септември, доколку конгресмените уште еднаш не го подигнат лимитот за националниот долг. Законодавците тоа и го сторија и во четвртокот ги одложија следните ограничувања за задолжувањето за две години, до 31-ви јули 2021 година. Поточно, ѝ овозможија на сојузната влада лесно да влегува во задолжувања. Според пресметките на американското Министерство за финансии, тековните заеми ќе надмнинат трилион долари веќе втора година со ред.

Аналитичарите од IIF констатираат дека огромниот и неконтролиран долг е резултат на неодговорната политика на централните банки, кои стануваа зависни од печатењето пари и дистрибуцијата на заемите. Владите, компаниите и физички лица се задолжуваат за одржување на економскиот раст, а кога растот нема да се случи, тие позајмуваат уште повеќе, на што му погодуваат ниските каматни стапки на најголемите централни банки во светот. Дури и пред да ја олабави својата монетарна политика американската централна банка Федералните резерви (Federal Reserve – Fed), некои од централните банки во земјите во развој ги намалија сопствените каматни стапки.

 

Земаат додека можат

Според експертите во IIF, токму земјите со пазарите во формирање дале најголем придонес во зголемувањето на глобалниот долг. Имено, нивниот удел во долгот надминал 69 трилиони долари, што одговара на 216,4 отсто од светскиот БДП. Највисок релативен раст е забележан во Чиле, Јужна Кореја, Бразил, Јужноафриканската Република, Пакистан…. Покрај тоа, значителен дел отпаѓа на корпоративниот сектор, кој со своите долгови речиси го достигнал агрегираниот БДП на 30-те земји во развој од 92,6 отсто.

Финансиските аналитичари предупредуваат дека имајќи непречен пристап до пазарите на капиталот, во текот на последните две цецении, земјите во развој го зголемите својот корпоративен долг за 50 отсто.

„Проблемот се состои во тоа што оваа мала група заемоподигнувачи нема доволно искуство во управувањето со долговите во текот на неколку економски циклуси. Но, со започнувањето на рецесијата, компаниите обраснуваат во своите обврски кои тешко ги сервисираат“, појаснуваат во Институтот за меѓународни финасии.

 

Во Кина веќе ‘чади’

Најголема загриженост предизвикува Кина, каде што економијата повеќе од една деценија се развива преку нови заеми. Како резултат на тоа, кинескиот долг се зголемил за четири пати, речиси до 300 отсто од БДП-то. Корпоративниот сектор, пак, во којшто доминираат државните компании, има заеми од 21 трилион долари, или 155 отсто од БДП-то. Тоа е речиси две третини од вкупниот кинески долг. За споредба, корппоративниот долг во Јапонија е на ниво од 100, а во САД на 74 отсто до националниот БДП.

За да се процени големината на проблемот, доволно е да се погледне бапзарот на корпоративните обврзници. Во 2018 година во Кина овие хартии од вредност биле во вредност од 1,72 трилиони долари, показател кој е само зад американскиот кој изнесува 5,81 трилиони долари. Истата година, 42 отсто од новите корпоративни задолжувања на економиите во развој биле обезбедени од кинеските компании, што претставува остри зголемување на ризикот од неможност да отплаќање на заемите во блиска иднина.

Веќе во моментов многу компании си доволуваат неплаќата на доспеаните обврзници, објавувајќи банкротирање. Минатата година, во Кина банкротирале 18.000 фирми, а нивото на загуби од обврзниците за пет пати го надмина нивото од 2015 година. Аналитичарите очекуваат дека овој показател во 2019 година ќе постави ново рекордно ниво.

На фактот дека високото и нестабилно ниво на задолженоста на Кина се заканува со масовни корпоративни блокади и банкроти, претходно предупреди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕCD).

„Забавувањето на растот и зголемувањето на трошоците за финансирањето го компликуваат сервисирањето на долговите и исполнето со блокирања. Тоа негативно ќе влијае на профитабилноста на банките и ќе довед до проблеми со ликвидноста“, истакнаа од ОЕCD.

Економистите се убедени дека сегашната состојба јасно укажува на тоа дека ткн „должничка бомба“ под кинеската економија веќе почнала „да чади“. Преголемото оптоварување со заеми во услови на забавување на економскиот раст е јасен предвесник на рецесијата. Слична слика, на пример, е забележана непосредно пред глобалната финансиска краза од 2008 година. Во одреден момент, глобалната економија едноставно нема да може „да го свари“ огромниот и неконтролиран долг. И претстојната криза, како што предвудуваат финанските експерти, ќе биде многу потешја и ќе резултира со масовно осиромашување, силна геоплотичка нестабилност, социјални немири и војни.