Тен Хаг: Манчестер јунајтед е храбар тим, сакаме посед на топката и добар пресинг

Ерик тен Хаг е задоволен од играчите на Манчестер јунајтед во првите денови од подготвителната сезона.

– Секако дека сакам да му дадам енергија на тимот. Но, морам да кажам дека играчите работат многу добро. Тие се исклучително концентрирани и си даваат сила. Се гледа дека уживаат во играњето фудбал. Тие уживаат да играат заедно и работат напорно. Морам да учам, да се запознаам со составот, со персоналот, со играчите. Мислам дека ова е една од главните предности на турнејата. Имаме две недели да бидеме блиски и да работиме заедно. Се запознаваме подобро – сакам подобро да ги запознаам, а тие – со мене и моите асистенти. Сакаме да покажеме проактивен фудбал – со и без топка. Нашата цел е да се обидеме да го постигнеме тоа. Нашиот штаб им објаснува на играчите дека во секоја ситуација треба да дејствувате проактивно. Имаме храбар тим. Сакаме да ја имаме топката, да си нудиме различни опции. Истото важи и за работа без топка. Сакаме да покажеме добар пресинг, изјави тренерот на Манчестер јунајтед.

Раководството и навивачите на Манчестер јунајтед очекуваат тимот во следната сезона да се врати во големата четворка во Премиер лигата и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.