Тен Хаг: Одлично е да се види како Роналдо постигнува гол

Тренерот на Манчестер јунајтед го коментираше настапот на Кристијано Роналдо на натпреварот против Шериф.

– Беше одлично да се види како Роналдо постигнува гол. Тој создаваше шанси и на тимот му создаваше шанси. Знаеме дека Роналдо знае да ги реализира шансите. Му требаше гол. И сега сум сигурен дека ќе има уште голови, изјави Ерик тен Хаг.

Манчестер јунајтед синоќа го победи Шериф со 3:0, Португалецот го постигна третиот гол за „црвените ѓаволи“.

Манчестер обезбеди пласман во плејофот на Лига Европа.