Тен Хаг: Продажбата на Манчестер јунајтед може да има позитивно влијание врз иднината на клубот

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека продажбата на клубот може позитивно да се одрази на иднината на „црвените ѓаволи“.

-Верувам дека ова ќе биде позитивно, бидејќи можни се дополнителни инвестиции и ова е добро за клубот. Зборувавме за културата што ја сакаме, за целите и задачите. Велат дека ништо нема да се промени, а ќе биде уште подобро, бидејќи за овој проект ќе се одвојат повеќе пари. Њукасл и Вест Хем можеби не се на врвот на табелата во моментов, но имаат огромни инвестиции… Има седум-осум клубови во англиската Премиер лига кои можат да конкурираат за победа. Ова важи и за стратегијата, а не само за парите. Но, јасно е дека нема да успеете и нема да ги постигнете своите цели кога ги немате вистинските и квалитетни играчи, изјави Тен Хаг.

На 25 ноември семејството Глејзер објави дека е подготвено да го продаде Манчестер јунајтед. Потоа беше објавено дека британскиот милијардер Џим Ретклиф и „Apple“ се подготвени да го купат клубот.

Глејзерс ги купија „Црвените ѓаволи“ во 2005 година за речиси 800 милиони долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.