Судењето за предметот „Тендери“ не се одржа поради болест на судијата Осман Шабани. Ново рочиште е закажано за 25 септември, а резервен термин за 4 октомври.
Во овој случај првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.