11.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Тендерот за мала хидроцентрала меѓу функционери од СДСМ во Неготино е незаконски, ДКСК да побара поништување

Во време на закажани избори, директорката на ЈП Комуналец Неготино, Марина Бојаџиева, функционер од СДСМ, распишува тендер за јавно приватно партнерство, што е спротивно на законот. Огласот е објавен истиот ден кога почнува предизборната кампања, 27 септември 2021 година. На тендерот се јавува еден понудувач, семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДСМ, Небојша Стојановиќ. И наместо во име на транспарентноста и почитување на законитостите на јавните набавки да биде поништен тендерот, Бојаџиева од СДСМ ја прифаќа понудата од Стојановиќ од СДСМ, за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување Лукар јавно приватно партнерство, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Општина Неготино за сето ова има поднесок до ДКСК, каде што предметот е архивиран со дата 31.12.2021 година. Предметот е предаден на член на комисијата, а досега од ДКСК се уште немаат никакво известување. Според законот, рокот за информација за предмет е 60 дена. Календарски, рокот за предметот во ДКСК испратен од Општина Неготино, истекува денеска. А, информација нема. 60 дена изминуваат, а информација од таму што се случува по овој предмет нема.

Тендер на ЈП е објавен на ден на почеток на предизборна кампања. Во случајот има само еден заинтересиран и добитник на тендерот.

Притоа прекршени се уште неколку законски обврски за ваква набавка, јавно приватно партнерство.

Мора да се нагласи дека директорката на ЈП Комуналец Неготино, Марина Бојаџиева, функционер од СДСМ, ја спровела оваа јавна набавка иако не била дел од планот за јавни набавки за таа година, рече Стоилковски и додаде:

„Понатаму, комисијата за евалуација на понудите не е во пропишан состав, односно наместо еден претседател и најмалку четворица членови, како што е пропишано, изборот е направен од претседател и само двајца членови на комисија.

Се доведува во прашање и дали воопшто е изработен елаборат за животна средина како законска обврска, но и дали воопшто е спроведена јавна расправа и колку граѓаните биле запознати со намерата за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување Лукар?

ДКСК мора да преземе мерки кон поништување на актите со коруптивни мотиви.

Македонија тоне на сите мерења на борбата против корупцијата, а една од причините е молкот на институциите како ДКСК. Доколку ДКСК не си ја заврши работата, ЈО мора да ја преземе обврската и отвори постапка по допрен глас“.