Тенисерот Циципас се сликаше гол, а сподели и филозофски мисли за нудизмот

Една од најголемите ѕвезди на последниот Аустралиан опен, Стефанос Циципас ја разбрани јавноста со својот последен пост на Твитер. Грчкиот тенисер, кој стигна до полуфиналето на гренд-слемот, се фотографираше гол, а под фотографијата сподели филозофски мисли.

Повеќе си се допаѓам гол. Не го велам ова залудно … Кога ќе облечеш облека, веднаш си наметнуваш карактер. Облеката е само додавка, индикатор. Кога немаш облека, си само ти, сиров и не можеш да се сокриеш, напиша Циципас.

Неговите постови на социјалните мрежи честопати иницираат жестоки дискусии, па дури и исмевање од страна на неговите колеги тенисери.