Тениска класика во полуфиналето на Вимблдон Федерер – Надал,можно финале со Ѓоковиќ

Ќе гледаме уште една епска пресметка на двјацата најтрофејни тенисери, Рафаел Надал и Рожер Федерер во полуфиналето на Вимблдон.

Рожер Федерер со 3-1 во сетови го доби денешниот четвртфинален меч против Нишикори. Швајцарецот не почна најдобро, Нишикори го доби првиот сет со 6-4, но во следните три Федерер беше подобар, 6-1, 6-4 и 6-4.

Рафаел Надал без загубен сет го помина серверот Сем Квери. Шпанскиот тениски ас славеше со 7-5, 6-2 и 6-2. Во првиот сет рано направи брејк, потоа сервираше за сет и токму тогаш му дозволи рибрејк на Квери. Но, брзо Рафа се исправи и веќе во следниот гем повторно направи брејк против Американецот по што рутински го освои сетот. Во следните два сета Квери имаше само две брејк топки и не ги искористи, а Надал успеа дури четири од осум и си закажа дуел со Федерер во полуфиналето.

Најголемото ривалство во историјата на тенисот ќе добие своја 40. епизода. Во досегашните 39 дуели Надал славел 24 пати, а Федерер 15. Меѓутоа, на Вимблдон Федерер води со 2:1. Играа три пати по ред во финалето од 2006 до 2008 година и ова ќе им биде прв дуел на тревата во Лондон по цели 11 години и она епско финале во кое Надал славеше по пет сетови и речиси пет часа борба. Пред тоа Федерер имаше две победи во низа над Надал во финалињата на Вимблдон.