„Катимерини“: Тензично на македонско – грчката граница

ФОТО: Катимерини
ФОТО: Катимерини

Тензично на македонско-грчката граница. Грчките медиуми јавуваат дека тензиите во Идомени се големи по судирите меѓу мигрантите и македонските полициски сили кои почнаа синоќа, по што утринава имало насилни судири меѓу различни групи бегалци и мигранти.

Според грчките власти, на грчко-македонската граница утрово се собрале околу 6.000 бегалци и мигранти. Околу 2.500 од нив се идентификувани како мигранти кои не можат да ја преминат границата, и доаѓаат од земји како што се Иран и Пакистан. Во исто време, македонските власти им дозволуваат влез на државјани од земји како Сирија, Ирак и Авганистан, јавуваат грчките медиуми, пишува „Катимерини“.

Возови на грчката железница „Траиносе“ во текот на денов треба да пристигнат на границата и без пари да транспортираат бегалци и мигранти во Атина и Солун