Теодосиќ доби понуда од 6,5 милиона евра да настапува во Италија

260

Еден од најдобрите европски плејмејкери, Милош Теодосиќ, во следната сезона настапува во италијанскиот шампионат и ќе ги брани боите на Виртус од Болоња.

Како што објавува „Спортандо“, српскиот репрезентативец со италијанскиот гигант ќе потпише тригодишен договор за сума од 6,5 милиони евра и со тоа ќе стане и еден од најплатените кошаркари на стариот континент

Теодосиќ кој доби отказ од ЛА Клиперс, претходно беше поврзуван со ЦСКА Москва, Макаби, како и Црвена Звезда.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.