Теодосиќ од „Клиперси“ се сели во Сан Антонио?

Кошаркарот на „ЛА Клиперс“ Милош Теодосиќ е пред преселба во Тексас, на само неколку дена пред почетокот на новата НБА сезона, пишуваат американските медиуми.

„Клиперс“ наводно бараат начин како да се ослободат од услугите на српскиот плејмејкер, но и од неговата плата која ќе во претстојната сезона ќе изнесува 6,3 милиони долари. Се проценува дека ова е премногу за играчот кој најверојатно нема да имаат многу простор во ротацијата што ја подготвува Док Риверс.

Имено, тренерот на „Клиперс“ наводно сака да им даде повеќе минути на паркетот на Петрик Беверли и на Шај Александер. Затоа како можно решение се спомнува размена со „Сан Антонио“  и тоа од неколку причини. Првата е повредата на стартниот плејмејкерот на „Спарси“, Дежонте Мареј, кој ги повреди лигаментите на коленото, а другата е Грег Попович, легендарниот тренер познат и по тоа што сака во својот тим да има искусен меѓународен играч.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.