Теохарис: Се стремиме границите за туристите да ги отвориме во јули, но нема да бидат за сите земји

Се стремиме да можеме да отвориме во некој момент во јули. Ова, не може да биде се сите земји, за сите дестинации, го признавам тоа, но би требало барем да се обидеме да отвориме билатерална комуникација и патувања со некои земји, вели министерот за туризам на Грција Харис Теохарис во интервјуто за „Би-би-си“, јави дописничката на МИА од Атина.

Тој објасни дека за отворањето на границите, постои дискусија со здравствените експерти, кои ќе го имаат последниот збор.

-Сега сме во процес на разработка на протоколите кои ќе бидат доставени до експертскиот комитет и се надеваме дека ќе ни дадат одобрение постепено да отвораме, рече грчкиот министер.

Теохарис во интервјуто објасни дека грчкиот туризам по првите два месеци од годинава со раст од 24 отсто, од март до сега е целосно запрен и изрази надеж дека ќе може да се спроведат безбедни здравствени процедури, односно заедничка рамка на правила „кои што ќе дозволат или на билатерално или на европско ниво да се патува и да се оди на некаков вид на одмор“.

Паралелно истакна дека без рестартирање на туризмот, не може да има траен економски рестарт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.