Теоретски, вечниот живот е возможен

Границата на човековите век секогаш е жешка тема, а нвоите студии покажуваат дека човекот би можел да живее и до 130 години или дури, теоретски, границата на долговечноста на човекот и не постои,

Новото истражувањето објавено во средата во научното списание Royal Society Open Science навлегува во распрата анализирајќи ги новите податоци за суперстогодишниците, односно луѓето коишто наполниле 110 и повеќе години, како и полусуперстогодишниците, оние кои имаат 105 или повеќе години.

И додека ризикот од смрт воопшто расте низ нашиот животен век, научната анализа покажуваат дека во крајна линија достигнува константа којашто изнесува 50:50.

„По 110 години лице коешто таа возраст ја доживеала моќе да нагаѓа дали ќе поживее уште една години како да фрал паричка писмо-глава. Да кажеме, 50 отсто се изгледите да го прославите следниот роденден или да умрете“, вели водечкиот автор на студијата Ентони Дејвисон, професор по статистика на Швајцарскиот федерален политехнички институт во Лозана (EPFL).

Според досеа достапните податоци се чини поизгледно луѓето да живеат најмалку 130 години, но екстраполирајќи ги резултатите од „тоа значи дека и не постојат граници за човечкиот животен век“, се загклучува во студијата. Заклучоците се вклопуваат са сличните статистички анализи на податоците за многу стари лица,

„Но оваа студија посилно ги поктрепува заклучоците и ги прави попрецизни, бидејќи имаме повеќе податоци“, вели Дејвисон,

Првата група податоци со кој тимот стручњаци се занимавале се нови материјали од Меѓународната база на податоци за долговечноста, којашто опфаќа повеќе од 1.100 суперстогодишници од 13 земји во светот. Втората група податоци доаѓаат од Италија за секое лице кое наполнило најмалку 105 години од јануари 2009 до декември 2015 година.

 

Еден на милион

Трудот се состоел во екстраполацијата од постојните податоци, продолжува Дејвисон. Вели и дека покажале дека доколку постои граница од 130 години, досега би требало да биде откриена со сега расположивите податци.

Сепак, доколку човекот во теоријата може да наполни 130 години или повеќе, тоа не значи дека тоа брзо ќе се случи.

На почетокот, анализата се темели на луѓето кои веќе достигнале релативна старост наголемо надминувајќи ја стотата година од животот. Па дури и доколку се наполнат 110 години, шансите да се прослави и 130-та се „еден на милиони…, значи не е невозможно, но не е ниту изгледно“, појаснува Дејвисон.

Тој мисли дека за околу стотина година луѓето би можеле да достигнат старост од 130 години, бидејќи сѐ повеќе луѓе го достигнуваат статусот на супергодишници па се зголемуваат и шансите да се оствари тоа е еден на милион.

„Меѓутоа, бидејќи поголемите медицински и општествените исчекорувања во тој аспект сѐ уште не се постигната, многу се мали шансите да се достигне возраст над таа граница“, појаснува Дејвисон.

Засега, најстарото лице впишано во аналите и со потврда е Французиката Жан Клемен, која почина во 1997 година со потврдени 122 години. Спорадично се јавуваат податоци за лица со навршени повеќе години кои се проверуваат повеќе години, но ниеден не надминуа 130 години. И за Клемен беше испитувана вистинската возраст, па се зборуваше за можна измама, но во 2019-та година неколку стручњаци изјавија дека со ревизија на податоците ја потврдиле таквата возрст.

Другите претенденти на титулата најстара личност на светото сѐ уште се далеку од тој праг. Проверено најстарото лице на светот во моментов е Јапонката Кане Танака, родена 1903 година, значи има „само“ 118 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.