Тепачка меѓу активисти на СДСМ во ресторанот „Интернационал“ во Велес 

Две групи активисти на СДСМ, синоќа се степале во ресторанот „Интернационал“ во Велес.
Станува збор за Душко Петров – поранешен претседател на советот на Општина Велес во овој мандат и Далибор Коцевски – близок со високи структури на СДСМ од Скопје, кои по долга расправија, околу 20.20 часот почнале да се тепаат во ресторанот полн со гости.

Гостите исплашени го напуштиле ресторанот, во кој имало кршење на чаши и шишиња, а по тепачката едно од лицата се јавило во итната медицинска помош во Велес и од таму настанот е пријавен во полицијата.

Бидејќи станува збор за високи и влијателни луѓе во партијата од високи раководители на СВР Велес вршен е силен притисок настанот да се заташка и заборави и воопшто ништо да не биде заведено во билтенот, дознава Нетпрес од свои извори.

Вршен е силен притисок настанот да не биде заведен од страна на Началникот на Одделението за Полиција Енис Тутиќ и командирот на ПС ОН Велес Трајче Алтанов како, и од заменик началникот на СВР Велес Марјан Арсов.

Иако постојат силни и несоборливи докази и сведоци како и видео надзор од објектот за целиот настан, настанот е затворен дека воопшто не се ни случил.

Внатрешната контрола на МВР треба итно да го реши случајот како и јавното обвинителство веднаш да издаде наредба за обезбедување на видео снимките кои веќе од сигурни извори се обезбедени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.