Тепачка меѓу симпатизери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче

Вчера по митингот на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски во населба Лисиче, се случила тепачка меѓу симпатизери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив имало и малолетници.

Според инормации од  Министерството за внатрешни работи, тепачката се случила на улица Ѓорѓи Капчев помеѓу З.Л.(18), К.Л.(29), С.Л.(55) и А.Л.(16), членови на СДСМ, од една страна и И.И.(16) и неговиот татко Б.И.,членови на ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна.

По кратка вербална учесниците во расправијата и физички се пресметале.

Полицијата работи на расчистување на случајот, по што против одговорните во инцидентот ќе следуваат соодветни поднесоци.

.