Тепачка на паркинг на ул.„Перо Наков“

На 30.09.2019 во 08.30 часот во СВР Скопје, Б.В.(57) од Скопје пријавил дека во 08.20 часот на паркинг на ул.„Перо Наков“, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Б.В. и Б.В.(56) од Скопје, од една страна и Т.И.(23) и А.И.(23), двајцата од Струмица од друга страна. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Утринска тепачка на паркинг на ул.„Перо Наков“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.