Тепачка на партиски активисти во скопско Лисиче

Шестмина партиски активисти на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ денеска попладне си разменувале тупаници во скопско Лисиче по кратка вербална расправија, информира Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот, како што соопшти МВР, се случил на улицата Ѓорѓи Капчев кога З.Л. (18), К.Л. (29), С.Л. (55) и А.Л. (16) , членови на СДСМ, влегле во расправија со И.И. (16) и неговиот татко, членови на ВМРО ДПМНЕ. По жестоката кавга, закараните страни се обиделе да се разберат со тупаници, при што двете страни упатиле и примиле по неколку удари.

Од полицијата вела .дека инцидентот е целосно расчистен, по што ќе следат соодветни поднесоци против учесниците во тепачката.