Тепачка на Партизанска поради недоразбирање во сообраќајот

128

Во текот на вчерашниот ден била пријавена тепачка на Партизанска, поради недоразбирање во сообраќајот.

Вчера во 18.35 часот во СВР Скопје, И.Н.(25) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот на улица „Партизански пат“, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Ж.Б.(31) од Скопје.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.