Тепачка ноќеска во 57-ца на ЈСП

Ноќеска околу 02 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП бр. 57на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, по претходна меѓусебна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.К. (31) и Б.Р. (30), двајцата од Скопје, од една страна и А.Е. (20) од Скопје од друга страна.

Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.