Тепачка пред кафеана во Маврово: Уапсени четири лица

Ноќеска околу 3 часот и 10 минути, во Маврово, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле М.Р.(19) и Т.А.(18) од Скопје, кои биле пријавени од скопјанецот Н.Ќ.(18), дека пред угостителски објект бил физички нападнат.

Во исто време, приведени се С.Е.(18) и Г.Х.(19), исто така, од Скопје, кои се однесувале агресивно кон полициските службеници додека преземале службени дејствија и ги приведувале нивните другари М.Р. и Т.А.

По целосно документирање на случајот против пријавените ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.