Тепачка во кино сала во Карпош

На 05.06.2023 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кино сала во трговски центар на подрачје на Карпош, А.Ш.(45) физички нападнал малолетничка од Скопје откако, според пријавеното, таа претходно удирала со нозете по седиштето на кое тој седел.

Се работи на расчистување на случајот.