Тепачка во Општина Карпош на јавната расправа за ДУП-от за Трндол

Тепачка изби попладнево на јавната расправа за ДИП-от за Трнодол што се одржуваше во општинска зграда во Карпош.

Дел од приустните граѓани од Трнодол велат дека ДУП-от за Трнодол е даден на Уставен суд. Во текот на денот градоначалникот на Карпош информираше дека била постигната согласност за сите суштински работи од предлог ДУП-от и за посоченото, претставниците на граѓаните се потпишале на записникот од средбата со градоначалникот на Општина Карпош.

Богоев уште еднаш демантираше дека во врска со новиот предлог-детален урбанистички план за Трнодол се измислуваат работи кои воопшто не постојат, бидејќи со него не се предвидува ниту нова населба, ниту, пак, тој се однесува за населеното место Жданец.