Тепачка во ресторан во Тетово

Четири лица, меѓу кои едно малолетно, се приведени вчера околу 23 часот и 15 минути во угостителски објект во Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски истакнува дека полициски службеници ги привеле Р.Б.(35), К.А.(27), А.Б.(21) и 17-годишник, сите од Тетово, откако физички ги нападнале 43-годишната Ш.Н. од Гостивар и А.А.(38) од тетовско Боговиње.

Нападот се случил во угостителскиот објект лоциран на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово

–Тие биле задржани во полициската станица Тетово и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок, нагласи Јосифоски.