Тепачка во Скопје: Две групи млади лица си ги одмерувале силите

60

Осум лица на возраст од 15 до 23 години учествувале во тепачка, по што недоразбирањата ги решавале со удари.

Според информации на Министерството за внатрешни работи, вчера околу 13,15 часот на булеварот Кузман Јосифовски Питу се степале 18-годишните К.Р. и Ф.С како и 23-годишниот Љ.Ш. сите од селото Елово, од една страна, и 15-годишниот Д.А., една година постариот А.З., 17-годишниот Ј.А, од селото Драживоло, како и 20-годишниот И.Ш од селото Елово и 22-годишниот И.К од селото Пагаруш, од друга страна, разменувајќи си удари со тупаници во пределот на главите и телото.

Во тепачката со остар предмет на Ф.С. му е нанесена расекотина.

Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следат соодветни кривични.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.