Тепачка за паркинг место во Скопје, се обидел да го прегази, изваден и пиштол

На 27.06.2020 во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Тодор Чангов“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Н.Т.(40) од Гостивар и Ј.Ј.(40) од Кавадарци, на која, според пријавеното, ѝ претходела вербална расправија поради место на паркинг. Според пријавеното, Ј.Ј. со неговото возило се обидел да го прегази Н.Т., кој притоа се здобил со повреда, по што започнала физичка пресметка меѓу нив. Во еден момент

Ј.Ј. отишол до куќата во која престојувал и се вратил со пиштол, додека Н.Т. избегал од местото на настанот. По пристигнување на полициските службеници, Ј.Ј. бил затекнат со посочениот пиштол, за кој било утврдено дека е воздушен и кој му бил одземен. Тој бил лишен од слобода, а Н.Т. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.