Тепачка на булеварот Борис Трајковски, едно лице на Ургентен

Вчера околу 00:50 часот во Скопје на булeвар Борис Трајковски лицата Д.И. (41) и Д.С.(25), двајцата од Скопје, физички го нападнале А.Б. (41) исто така од Скопје.

Кога А.Б отишол кај Д.И. со намера да разговара и побарал помош, Д.И. ја затворил вратата, при што го искршил стаклото од истата. После тоа А.Б. си заминал, но лицата Д.И. и Д.С. почнале да го бркаат и на булевар Борис Трајковски го стигнале и почнале да го удираат со раце и метален предмет, нанесувајќи му видливи повреди во вид на црвенило и исекотини на носот, информираат од МВР.

А.Б. бил однесен во Ургентен центар каде му биле констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.