Тепачка прераснала во пресметка со ножеви и пиштол

Вчера во селото Арнакија С.Ј. (25) и А.Ш. (21) со автомобил го пресретнале Н.Џ. (29), ја зголемиле брзината на возилото и испукале неколку куршуми, а потоа му нанеле неколку убоди во пределот на нозете и телото.

По кратко време во с.Буковиќ пред чајџилницата каде се наоѓале С.J. и А.Ш, пристигнал Н.Џ по што настанала расправија која прераснала во тепачка. Во тепачката учествувале и други лица кои се наоѓале во чајџилницата, по што со остар предмет на Н.Џ. му биле зададени повеќе убодни рани во пределот на нозете и телото, а од огнено оружје-пиштол бил испукан еден куршум. Н.Џ е пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ каде е задржан на лекување, а извршен е увид на местото на настанот при што се одземени неколку куршуми и чаури, додека во полициската станица Ѓорче Петров е одземен пиштол марка „чешка зброевка“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.