Тепачка во украинскиот парламент

Во Киевскиот окружен совет, претставник на претседателската фракција на Блокот на Петро Порошенко – „Солидарност“, нокаутираше свој колега.

-Инцидентот се случи за време на седницата во која беше дискутирано прашањето за распределба на буџетот, пишуваат украински медиуми.

Во текот на дискусијата, пратеникот го нападнал окружниот советник и со еден удар, го срушил на земја. Тој бил однесен во болница, а полицијата влегла во салата.

Според локалните изданија, пратеникот-напаѓач ќе одговара кривично.