Тепачки во кафеана и на бензиска во Скопје

Во раните утрински часови во вторникот во Скопје се пријавени две нарушувања на јавниот ред и мир со физички пресметки, едното со обезбедување на угостителски објект а второто со вработен на бензинска пумпа, информираше Министерството за внатрешни работи

Утрово околу 3,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект лоциран на улицата „Свети Кирил и Методиј“ 40-годишниот З.Д. од Скопје физички го нападнал својот 35-годишен сограѓанин П.П., вработен во агенција за обезбедување.

Лицето било приведено во Полициската станица Центар и се работи на расчистување на случајот.

Еден час порано, на булеварот „Србија“ на бензинска пумпа бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 42-годишен државјанин на Албанија идентификуван со иницијалите А.Д. и 30-годишниот С.П. од Скопје. Сочинет записник за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

Во 5.40 часот во СВР Скопје 43-годишниот В.М. од Скопје пријавил дека околу 03.30 часот на улицата „Трета Македонска бригада“, три лица физички го нападнале неговиот 16- годишен син. Полицијата известува дека се работи на расчистување на случајот.