Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 11 до 15.06.2023 година (од недела до четврток) во период од 22:00 до 03:00 часот, наредниот ден, ќе се реализира втората фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.