Теретаните и спортските центри Владата сѐ уште ги држи под клуч

Целата индустрија која вклучува теретани, фитнес-центри, спортски објекти сѐ уште е затворена. Ситуацијата е навистина загрижувачка, особено и од финансиски аспект, бидејќи најголем дел од нив, покрај замрзнатите приходи треба да го платат и закупениот простор.

Како прв сет на олабавување на мерките во Македонија беше отворање на казината и кладилниците, а од неодамна и угостителските објекти, со посебни мерки на претпазливост за ширење на заразата.
Се чини дека Владата спортот го остави настрана, иако уште од 12 мај владиниот Кризен штаб го разгледал дописот со предлог мерки од Бодибилдинг и фитнес федерацијата.

„Од 12-ти мај чекаме и очекуваме, Кризниот штаб и Министерството за Здравство да ги прифати нашите предлог Мерки и истите да ги преточи во Протокол за работа на теретаните во време на корона пандемијата. Во меѓувреме продолжува борбата на ББФФМ, притисоците и лобирањето, час поскоро да се најдеме на листа на дејности кои ќе можат повторно нормално да функционираат“, посочуваат од Бодибилдинг и фитнес федерацијата.

Предлог мерките за заштита од ширење на заразата, предложени од страна на ББФФМ, со цел отварање на теретаните се:

1. На влезот во теретаната да има бариера за дезинфекција на обувките, во форма на натопен сунѓер или пешкир со средство за дезинфекција.

2. На влезот на теретаната да има поставено средство за дезинфекција на рацете на база на 70% алкохол.

3. Сите вработени мораат да носат заштитни маски и заштитини ракавици во текот на своето работно време поминати во теретаната.

4. Корисниците на услугите мораат да носат и користат сопствени пешкири и други средства за лична хигиена.

5. Корисниците на услугите мораат однапред да закажат термин за користење на услугата во клубот по телефон или по електронски пат.

6. Да се постават минимум 3 преносливи средства за дезинфекција на опремата и реквизитите на секои 50 метри квадратни.

7. Да се постават минимум 3 парчиња преносливи средства за дезинфекција на рацете на секои 50 метри квадратни.

8. Корисниците на услугите задолжително мораат да користат личен пешкир кој задолжително ќе се постави преку подлогите на кои се седи, лежи или вежба.

9. Задолжително почитување на препораката за одржување на растијание помеѓу корисниците на начин каде бројот на користење на услугите треба да е максимум 10 членови на 100 метри квадратни (10 м2 по вежбач), да се осигура ратојание од 2м за време на вежбањето.

10. Задолжително целосно дезинфицирање на подот и гардеробата, како и туш кабините после секој завршен термин на група на корисници.

11. Обезбедување на доволно време за вентилација/проветрување на просториите во периодот на изменување на група на корисници

12. Опремата, справите и реквизитите за вежбање мораат да се дезинфицираат после секоја нивна употреба.

13. Во случај на сомневање да некој од вработените има симптоми на заразната болест
COVID-19, (зголемена телесна температура, кашлица и отежнато дишење), одговорното лице во клубот должно е без одложување да го отстрани запосленото лице од просториите на клубот, со препорака веднаш да се јави кај матичен лекар….

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.