Тереза Меј ќе поднесе оставка на 7 јуни

Британската  премиерка Тереза Мај објави дека ќе се повлече од функцијата претседател на владејачката Конзервативна партија на 7 јуни, со што ќе се отвори патот за избор на нов премиер.

Во емотивната изјава на Даунинг стрит, Мај рече дека „направила се“ за да го почитува резултатот од референдумот во 2016, за напуштање на ЕУ  и дека и било огромна чест да биде втора жена премиер на Велика Британија.

Таа исто така додаде дека „длабоко жали“  што не беше во можност да го испорача Брегзит.

Оставката на Меј следува откако не успеа да постигне договор со Ториевците за договорот за Брегзит но и по силниот притисок од нејзината партија. Претседателката на Долниот дом Андреа Линдсом во средата поднесе оставка наместо да го престави законот за Брегзит во Парламентот.

Меј стана премиер во јули 2016 година. Нејзиниот наследник ќе биде познат за шест недели.