Терим: Алиоски ни побара богатство, тој не вреди толку пари…

Трансферот на Езгијан Алиоски во Галатасарај минатата седмица се чинеше како завршена работа, но ситуацијата во последен момент се искомпликува и левиот бек на Лидс не заврши во таборот на турскиот гигант.

Тренерот на Галата, Фатих Терим, во изјава за турските медиуми обелодени дека овој трансфер не бил комплетиран поради преголемите финансиски барања на македонскиот репрезентативец.

„Јас и претседателот се согласивме околу трансфер-стратегијата, зошто решивме да не потпишеме некои фудбалери. Еден од нив е и Алиоски, кој ни побара богатство. Тој сакаше вкупно 7,5 милиони евра во следните три години. Точно е дека ни требаше лев бек, но Алиоски не е ниту класичен лев бек, ниту пак вреди толку пари“, изјави Терим.