Терор на фашистичката СДСМ врз критичките медиуми

Со приближувањето на датумот на предвремените парламентарни избори и кога анкетите покажуваат предност на опозицијата, владејачката СДСМ се чини се решава за очајнички потег да го засили ударот врз медиумите кои критички ја следат работата на актуелната власт, и кои не се под нивна контрола.

Вчерашната прес-конференција е финалниот чекор на очајноста на СДМС во своите настојувања да ги замолкне медиумите кои не ги контролира. Воедно досега ова беше и најјасниот обид на владејачката партија да ги инструментализира институциите на државата за воспоставување целосна контрола врз медиумската сфера, речиси издавајќи им наредба кои чекори конкретно да се преземат кон одредени интерент портали и телевизии.

(Зло)Употребата на правосудните институции и органите на прогонот од страна на СДСМ на Зоран Заев, односно ставањето на Обвинителството или МВР во заштита на највисоките претставница на власта како алатки за притисок врз „неподобните“ медиуми кои ја известуваат јавноста за криминалот, започна уште минатата есен. А, само неколку месеци тогашниот премиер Заев од собраниската говорница изјави дека „повикувањето новинар во полицијата е многу нормална работа“.

Тоа Заев го изјави откако новинарот Љупчо Златев беше повикан од МВР на распит, поради тоа што медиумот што „Лидер“ објави телефонски разговори во кои се слушаат нелегални активности на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, инаку многу близок пријател на шефот на СДСМ.

А, кусо време по споменатата изјава на Заев тројца инспектори од Одделот за економски криминал при МВР дојдоа во редакцијата на НетПрес по наредба, како што рекоа, на јавен обвинител, а во врска со објавен текст за случајот со тендерот на Mакедонскиот систем за воздухопловна навигација (М-Нав) за набавка на нов систем за контрола на летање, вредна околу седум милиони евра.

За истиот овој случај во полицијата на распит беше повикан и долгогодишниот новинар Горан Момировски, откако го објави првото продолжение од милионскиот скандал за местење на тендер во М-НАВ од страна Рашковски.

Претходно редакцијата на НетПрес и нејзиното уредништво во уште неколку наврати беа повикувани во МВР или посетувани од полициски инспектори во врска со објавени текстови за криминални активности на лица од власта.

Последното „дружење“ на главниот и одговорен уредник на НетПрес со полицијата се случи на 22 јануари, повторно поради функционер на СДСМ, вработен во МВР.

За новинарот и уредник на порталот Инфомакс, Александар Митовски, истовремено почна кривичен прогон за оддавање службена тајна, откако обвинителството му поднесе обвинение, поради објавениот исказ на сведокот Орце Камчев за случајот „Рекет“, кој како што се развува последните денови јасно укажува дека Заев како премиер многу добро знаел како се одвива финансирањето на телевизијта 1ТВ за којашто самиот изјави дека е „провладина“.

Поради тоа Македонија е на врвот во Европската унија, кон која нели СДСМ „најмногу“ се стрепел, според црната статистика за слободата на медиумите. Во ЕУ, 23 отсто од медиумите и новинарите се под директни cyдски зaкaни и политички притиcoк, а во Македонија тој показател е двојно поголем – 52 проценти.

СДСМ затоа мора да се потсетат на Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа, каде наведено е:

„Јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“.

Од друга страна, Антонио Милошоски пред неколку денови и презентираше на македонската јавност како Зоран Заев и СДСМ се однесуваат кон медиумите кои ги контролираат.